Се приметив последниве години како си накалемувам нови стравови. Нешто за што никогаш не сум мислела и сум му се плашела, наеднаш ми е ептен кошмар. И тоа е се толку нерационално. Уствари, секако е нерационално зошто стравовите се најчесто нерационални. Кога бев млада мислам помалце се плашев. Е, на едно нешто за што се сеќавам дека се плашев беше височина.
Бев трета година на факултет и апсолвентска екскурзија се планираше на големо. Една од станиците на рутата беше Париз и еден цел ден посветен за Disneyland. Се сеќавам дека бев многу возбудена и дека уште во автобус го правев муабетот дека ми е страв да се качам на roller coaster, ама дека ќе се охрабрам и дека мора еден да пројдам. И се сеќавам дека бев во линијата за ред и се сеќавам колку ми излетуваше срцето и колку ми се лошеше. Ама достојав во редот, се качив во количката и едно неверојатно количесто на адреналин проструи низ мене. Од тој момент па натаму се сеќавам само на солзите предизвикани од ветрот во очи кои неконтролирано се слеваа низ моето до уши насмеано лице. Неверојатно забавно и прекрасно лудо. После тој прв, чекав ред уште 3 пати, на други roller coaster-и. Прекраснотии! А, да не пробав, немаше никогаш да знам колку е само забавно.
И мојава најмила знае да се испаничи. Еднаш ми се јавува на телефон целата уплакана и ми кажува дека не може да стигне во школо, зошто улицата е блокирана од камион кој работи на патот. Џабе јас и зборувам смирено и ѝ објаснувам дека единствено што треба да направи е да му дозволи на возачот да ја види за да се трне од патот и таа да помине. Исто вака и во животот. Ќе ти излезе ситуација која скроз ќе те исплаши и замрзне во моментот. Тогаш мозокот не работи, само стравот владее. После неколку минути убедување, го прекинуваме разговорот. И ѕвонам пак. Ја познавам по гласот дека поминала. Требаше долго убедување да ми каже што се случило. Поминала од страна. Не е дека машината го блокирала цел пат. Поминала лесно, ама кој да види решение кога стравот владее?!
А, вчера ми беше роденден. Понеделникот вечерта планирав да одам да истрчам па да си читам книга. Не знам што се деси со планот, ама јас завршив со гледање глупости на телефон и гледајќи сум заспала. Се будам во 00.30. Веќе беше 23.04 и ми беше роденден. Го погленувам телефонот и не гледам ниту една порака за роденденот. Ок, спијат луѓето, си мислам и си легнувам во спална. Утрото ме будат со бакнежи, песна и подарок во кревет. Љубовчиња! Почнувам да се спремам полека за работа. 7ч и пак ниту една порака. Отварам на Вибер- мајка ми не е активна од претходниот ден предпладнето. Сестрите од претходниот ден попладнето. Ок, ајде не паничи, си викам, го оставам телефонот и одам да се доспремам. 8ч и уште никој не пишал. Паниката доаѓа во нов бран. Нешто се десило!!! Пак успевам да се совладам себеси и го оставам телефонот во џеб. 8.07ч веќе со значително покачено срцебиење и ѕвонам на средната сестра. Таа не крева од прва, а од втора ми спушта. Ладна пот ми го облева целото тело. Гледам дека ми пишува нешто. Ќе ми ѕвонела. Прво ми олеснува на душата, а после ми доаѓа нов ладно топол бран низ телото. Што ако има нешто што не сака да ми го каже?!
Еее....вака е стареењето. Се само нови стресови и стравови. Што реални, што нереални, ама и двата вида подеднакво тешки за соочување. А, ако ме прашаш кој е првиот знак за вистинско стареење, ќе ти кажам една едноставна дефиниција. Тоа е кога ќе почнеш да се плашиш од работи кои не ти биле никогаш страшни и кога ќе почнеш да уживаш во саатите поминати правејќи го тоа што од секогаш си го сметала за waste of time и за the most boring thing to do. Мислам, дека кога ќе почнеш да се плашиш од глупости и да уживаш да правиш работи што ти биле бесмислено глупави, тогаш готово е, пиши се во старите. Јас го имав тоа откритие летоска, дур бев една недела сама во Осло која ја поминав во чистење.
Сама дома, а мене единствено што ме интересираше е да се приберам дома од работа за да си исчистам. Во таа една недела пресметав дека искористив 30 саати за чистење по дома. 8 f*****g саати само кујната ја чистев. Лудило! Исто и си ги испеглав сите летни фустани и фино си ги закачив на закачалка и ги обесив во шкаф. Се до тој момент бев cool тетката која не пегла никогаш маици. Мислам, кој знае дали тие мислат дека сум cool, ама јас мислам дека они мислат дека сум cool. Леле па ова ич cool не звучи. Ваљда нема да прочитаат. Ако прочитаат, тогаш па сигурно веќе нема да сум cool. Нејсе..муабетот ми беше дека уште летоска, сфатив дека влегувам полека но сигурно во старите.
А, на 23.04 се слушнав со многу луѓе од Скопје и добив убави пораки со честитки за роденденот и на македонски и на норвешки, на англиски и на српски. Добив пораки и од луѓе кои сум заборавила дека постојат, а и од луѓе со кои никогаш не сум ни била во некоја посебна комуникација, ама кои ги имам на фб. На сите фала им! Нека се враќаат убавини!
На работа ме пречекаа со едноставни „Среќен роденден„ усни честитки. Такви се норвежаните. Нема некоја фама и помпа. Едноставно е со нив. Ме распрашаа дали ме разбудиле со доручек во кревет. Таков е норвешкиот начин на почнување на денот за славеник. Им објаснувам дека јас го сакам мојот роден ден, ама дека баш оваа година не очекувам ништо посебно да добијам. И онака сѐ имам!




