На мои 38години за прв пат седнав сама на кафе. Беше тоа зимоска во Валенсија. Децата легнаа, таткото остана дома да ги чува, а јас си ја земав ташната и отидов во шетња. Едно мало локално слаткарниче ми правеше многу мерак на секое поминување, ама никако да седнеме да доручкуваме таму. Таму ќе одам, си реков. И отидов, нарачав кафе (зошто тоа пијат возрасни луѓе). Морав да чекам да го домијат кафематот. Дури од после ми текна дека е ноќе и дека ќе одговараше подобро да порачам некоја алкохолна пијачка, отколку кафе. И тие во слаткарницата сигурно не рачунале дека некој у 21ч кафе ќе им порача. Ама, тоа ти е, почетничка грешка. Па им се испоистури дур го правеа, абе цел sett up наопачки излезе. Нејсе.. Го земав кафето и си седнав сама на масата до прозор. Убаво ми беше и ко за прв пат не беше ништо почудно од што мислев дека ќе биде.
*******************
Сите ние имаме едно нешто од што не можеме да побегнеме. Од самите нас! Па кога мораме секогаш да сме заедно е важно да ни е убаво заедно. Летоска на неколку пати си го дозволив тој луксуз да одам сама до центар. Некогаш само на шетање, некогаш на читање книга во природа, а некогаш без некој посебен план. Одев кај што нозете ме носеа.
Имаше некоја посебна магија бесцелната прошетка низ градот сама со себе. Некако е мирно, иако мислите знаат и те како да се гласни и да се караат една со друга. Плус на секој втор чекор чекам од некоја страна да слушнам „Мамо, мамо, мамо„. Што ти е навика. :D
*******************
Имам неколку македонски групи и пеачи кои ги слушам баш на гласно па дури и кога сум на слушалки. Сите нив редовно ги проверувам за свирки пред да одам за Скопје. Ги манијачам да не речам, зошто инфо не се наоѓа секогаш на нет, па им пишувам пораки на messinger. :D И никад, ама никад не се погаѓаше да ги стрефам во Скопје. Ама летово стрефиф една група која прави музика баш за уживање, а славеа 30години постење и свирката беше закажана на отворено во прекрасна топла летна вечер дур јас бев во Скопје. Им спомнав на неколку луѓе дали сакаат да дојдат и на крај се погодивме да одиме заедно со бивша колешка (од моите новинарски денови во Скопје), а сеуште другарка. Ама и да не најдев друштво ќе одев. Тоа беше јасно! Зошто толку долго ги чекав да ги слушам во живо што немаше да ја пропуштам приликата за ништо на светот.
А, влеговме во ложата кај одбраните, преку новинарски врски. Не послужија дури и со гратис пијачка, па за пола саат подоцна дојдоа да понудат уште пиење. Мене не ми требаше апсолутно ништо. Ни пијачка ни јадачка. Озбилно така се чувствував. Толку ми беше убаво! Другарката за кратко мораше да оди, а јас останав сама во ложата, со допиената пијачка на конопојот и никој одолу мене. И играв и пеев. И се смеев. И снимав и сликав и уживав. Кој знае како им изгледав на тие околу мене, кои беа собрани со големи друштва. Особено, таква занесена во музиката и сама. Ама ич не ми беше гајле, ама ич. Го имав the time of my life.
А, сите тие песни си ги пеам и дур си ги слушам на full volume на слушалки. Си тропам со рацете во тактот на музиката, цупкам со нозе и ја вртам главата горе/доле. Тука ми е лесно, зошто реееетко некој да слушнам по улици да зборува некој балкански јазик. Така не ми е нешто посебно страшно зошто ретко кој би се погодило да ме разбере кога ќе се распеам „..Нема да има свои спомени за птици да го какаат..„ :D
*****************
А пред некоја недела уз една посета на музеј откривме дека имаат silent disco на вториот кат. Коментираме гласно дека тоа мора да го пробаме зошто никогаш не сме го искусиле. И отидовме и добивме слушалки и кратки инструкции како се користат. И ги пуштивме ние двете на најгласно и почнавме да играме. И додека играв така на музиката, сфатив дека јас си имам silent disco секој божји ден на пат кон работа и назад кон дома. Ама никогаш порано не сум го сфатила тоа. :D
Кој не игра нека стане!
Кој не игра нека стане!
Кој не игра нека стане и нека си оди!







.jpg)





