Во последно време некоја нервозна ме фатила и никако да ме пушти. Се нешто ми оди на живци. Трпението како да ми се потрошило. Сите само нешто ме нервираат и не можам да ги трпам. Ова па снегов надвор и квалитетниот минус сабајле во комбинација со оштар ветер воопшто не помага. Абе човек да сака да не се нервира, не може.
Ова најмалечково дома, се буди меѓу 4.30 и 5ч. И готово спремна е за акција. Бара млеко да сум стоплила, да сме ги нашле играчките, книги да сме читале, да сме станеле. Абе да си почнеш да си плачеш така во темницата најдобро. Мене очиве не ми се отвараат. Сум легнала у 1ч и едвај сум спиела 3-4ч. Ама она не ми е крива. Што не сум си легнала рано?! Ама сакам да си плетам, па сакам да си читам книга во тишина, па сакам серија да си гледам..абе се сакам. И да спијам сакам, ама помалце од се останато набројано. Така да, сама себе убила. :D
Сабајле, да не речам ноќта, кога ќе стане и кога ќе ме тера да станувам и јас, ме отскрива. Абе цел јорган дур не ми го тргне и од најмалото прсте на ногата, не е завршена. Ептен deja vu ми е тоа. Татко ми така сабајлињата ме будеше за на факултет. Во топличкото да ти задува еден ладен ветер и да те стресе од неудобност. Ич не сум сакала, а еве го малечково така ме буди секое сабајле. Некогаш се дешава да успеам да и се искрадам и они да презаспијат дур јас се спремам за тренинг.
Е пред една недела баш така беше ама не заврши славно. Абе се спремив брзински, торбата со опрема ми беше спремна од вечерта, така да брзо излетав од дома. Прво стапнување на улица беше проследено со исто толку брзо сретнување на асфалтот со други делови од моето тело. Овој пат само со дланките и нешто колена и нозе. Телефонот изведе лизгачка точка низ замрзнатиот асфалт, клизачи скроз.Телефонот го спаси заштитното стакло и опаковката. Тие на парчиња, ама телефонот читав. Јас, за разлика од телефонот, во друга состојба. Станувам и гледам една поприлично длабока исекотина на дланката и уште неколку мали камчиња фино забиени во месото. Не бидна тренинг тоа сабајле...again. Треба да си проверам дали Сатурн, Јупитер и Меркур се сретнале на кафе во куќата на невољата. Не го бива ова веќе.
Последна дешавка е кога се карав у 7.30 сабајле со една полубаба (60тина години) у трамвај. Абе тоа снегот испонаврнал сабајлето, едвај се пробив до станица со трчање. И си седнав културно во полупразниот трамвај, а оваа господичнава баш сака да седне до мене кога јас си имав кутија со колачи на соседното седиште. Се преместив на спротивните две седишта, ама кој ѓавол ме тераше да ја погледнам во лице и да забележам дека нешто ми зборува. Гасам музиката од слушалки и ја прашувам што ми рекла. Таа па нервозно се тупнува на седиштето и почнува да ми држи лекции, па се дере цел трамвај да ја слушне зошто сум ја ставила кутијата на седиште. Требало доле да си ја ставам, да не зафаќа место и да можат луѓе да седнат до мене. Во нормални услови би се извинила и би се насмевнала пријателски, ама тоа утро душата не ми даде да сум пристојна. Исто толку ко неа гласно почнав да дискутирам дека трамвајот е празен и дека има сто седишта празни за бирање. Море, мани ми се жено, си викам у себе. Арно што не и реков и гласно, до таму беше работата...
Чекај лажам уствари, не е последно ова. После ова со бабата на два пати се карав со корисничкиот центар на банката на chat. До душа првиот пат бев логирана на сметката на машкиот претставник дома, така да иако јас се карав, неговото име стоеше зад секоја непријатна реченица која ја искуцав таа вечер. Следниот ден затоа се докарав во мое име, да не останам покуса.
***********************
Денеска некако расеан денот на работа. Така мислам дека ми е секогаш пред да одам на одмор. Се некако ми е страв дека нешто заборавам да направам или заборавам да известам некој за нешто. Абе, не е дека фирмата ќе пропадне дур ме нема, ама па мене ептен ми е важно се да ми е оставено под конец, и се да е под конец кога ќе се вратам. Тие кутрите едвај да ќе приметат дека ме нема :D Нејсе, расеано и со милион мисли во глава решив да си одам малце порано од обично. Слушалките на глава и Суперхикс во уши. Ветер пак дува и е ладно, ама па мене некоја убавина ми ја стоплува душата и адреналин ми го раздвижува телото. И почнувам да си пеам. Абе ко будала, одам и си пеам и дури и си подзаигрувам на ритамот на музиката. Нека е весело, дур не сретнам некој за карање. Господ знае дека не ми треба многу...
Славица Нервозната Савеска- Кењереш



