Кога единствено за што се каравме беше зошто не сме се виделе неколку дена.
Кога се лутеше ако не му се јавам кога сум ветила.
Ми недостигаат сите смс-ки специјално за мене напишани и до мене испратени.
Да ми се јави 1мин откако сме се разделиле и да зборуваме со часови.
Да си титкаме неуморно и да броиме кој на кого повеќе пати му титнал.
Ми недостигаат сите топли чоколада со вечност пиени.
Да се гледаме во очи додека се држиме за раце.
Да се надмудруваме на крајот кој треба да ја плати сметката.
Ми недостигаат неговите саботните натпревари.
Кога бев единственото женско во публика и кога само мојот глас во целата
врева го деконцентрираше.
Кога се радував на сите “9-ки” и го прекорував за сите “пробивања” и “утки”.
Ми недостига секој 3ти, кога славевме.
Сите слатки, мали подароци од него внимателно одбрани, секоја црвена ружа
од срце подарена.
Сите картички за посвета со љубов испишани.
Ми недостига да бидеме внимателни.
Да чекаме да се оддалечиме доволно од мајка ми за да се фатиме за рака.
Да чекаме да излезе од соба мајка му за да се бакнеме.
Ми недостигаат нашите долги прошетки.
Потоа да се одмориме неколку часа на клупа и да раниме ежиња со смоки.
Потоа да ме испрати до влез и долго да си кажуваме “Чао” и пак да не се
разделуваме.
Ми недостигаат многу нешта, но најмногу од се
ми недостигаат “нашите” места низ Скопје.
Таму каде тишината
царуваше.Таму каде се криевме од секој, зошто си бевме доволни еден на друг...

No comments:
Post a Comment