Thursday, September 19, 2024

во епизодата „Нова работа„

01.05.24

Прв ден како полувработена. 100% работното место од 8 до 16ч веќе го нема. Ми остана само дополнителната работа која ќе ми биде единствена додека не најдам некоја друга од 100%. Знам, тешка е математикава и не се објаснува баш лесно, ама ете , таква е. Во последните 6г бев навикната да работам освен вообичаените 8-16ч и уште дополнителни 15 до 30 саати во месецот. Фино ми е секогаш да има варијација на работните обврски. Така е најинтересно. Е, ама сега варијацијата од работни обврски ми остана како единствена работна обврска. Ако, и тоа е фино, конечно ќе имам време и енергија за се што ми беше ниско на листата на приоритети да го завршам. Win-win и за мене и за шефот. Денот го завршувам со чаша Baileys  и нова книга. Удри бригу на весеље.



31.07.24

Од мај па се до денеска сум работела цели 150 саати. OMG!!! Ама ич од ич не ми изгледа како да бев на одмор, иако работев баш редуцирано. Се водев на одмор само 2 недели во Мк, ама тие никогаш, ама нииииикогаш, не се одмор. Доказ за тоа е што кога се вратив во Осло цела недела вечерите спиев по 12 саати. 

Него друг ми беше муабетот. Денеска е последен ден како неполно вработена. Утре е прв ден на новата работа. Вечерва пред големиот почеток сум малку збунета, малку возбудена. Го испеглав фустанот, се излакирав и извадив ташна и накит. Со сестра ми го поминав вообичаениот Viber- муабет. „Кај ќе одиш со шарените нокти?„ -ми вика. Погледнувам во ноктите налакирани со 5 различни бои, се смеам зелено и прашално и коментирам „ Прекрасни ми се„  :D  Договорот електронски ми го пратија. Го потпишав и го вратив електронски денот кога ми почна одморот во Скопје.  Се е спремно!



01.08.24

Денот Д. Никогаш не сум сакала промени. А, еве ме сепак на ново работно место. Се ми е чудно. Се спремам да одам, не знам каде. Во торба спакував неколку ситници за таму, меѓу кој и тетратка, бокмаркер и 4 маркери во различни бои. Секогаш сум учела подобро кога ќе го запишам. Ептен ретро стил, right?! :D

Од дома ме испраќаат како што мајка ми и татко ми ме испраќаа на полагање, со фрлање чаша вода на патот кој веќе го изминав во двор. Да оди со лесно, нели, ко водата што тече. Хихи.. Јас не се вртам, зошто нема веќе гледање назад. Само напред ќе се оди. 

Патот до работа е скроз неразгазен. Само три пати сум го поминала до сега, за еден состанок и две интервјуа. Вратата во канцеларија е со сензор. Автоматски се отвара кога и се доближувам. Добро е, си викам во себе. Добредојдена сум.




19.09.24

Еден и пол месец се навршија на новото работно место. Нова работа, а сепак по малку блиска, зошто фирмата во која работам беше најголемиот клиент на претходната фирма во која работев. Ме прифатија баш фино. Често некој од колегите ќе дојде да ме праша како се снаоѓам, дали нешто ми треба, дали ми е убаво на работа. Да, такво прашање се поставува тука. Многу е нормално да се праша дали ти е убаво на работа. :D А, мене ми е убаво. Некогаш немам појма што правам, а некогаш имам. Ама убаво ми е. Тука ќе има многу да се учи, а има и големи шанси за напредок. Баш тоа и што барав од работа. Ова си го повторувам во себе, во моментите кога сум скроз фрустрирана затоа што нештото што сум мислела дека сум го сфатила било погрешно. Ама само почеток е ова де, а почетокот е секогаш конфузен...ама и интересен! 

во епизодата „Сама со себе„

На мои 38години за прв пат седнав сама на кафе. Беше тоа зимоска во Валенсија. Децата легнаа, таткото остана дома да ги чува, а јас си ја зе...