Туку да се вратам на муабетот за Велигден. Годинава пак со сите овие забрани и полузабрани, мерки за претпазливост и непријатни вести, шаренилото на бои кои го преплави Facebook за Велигден ми се виде како симпатична промена. Оддеднаш не ми беше воопшто lame да гледам какви им испаднале боите, какви треви користеле за фарбање во холахопки, дали биле квалитетни лушпите на годинешниот кромид ниту пак капсулите дали направиле бисерен шмек на фарбата. Се супер ми беше. И честитањето, и споменувањето на Господ и корпите со фарбани јајца, се комплет. Една позитивна промена на News feed што претходно одеше од корона вирус, преку coronavirus до koronavirus. Саде вести за корона. И кога тој News feed се замени со еден друг кој изобилуваше со бои, едноставен е одговорот кој повеќе ми се свиде.
А, мојот роденден една година се падна да биде на сам ден Велигден. Славев дома со друштво пред одење во црква, па мајка ми спремаше и посни јадења за гостите што постат. Годинава роденденот ми беше скоро една недела после Велигден. Мојата најмила цела недела ги броеше деновите до мојот роденден. Со таа мисла легнуваше и тоа и беше првата реченица кога ќе се разбудеше. Се криеше во соба да ми направи честитка, па доаѓаше до мене да ми каже дека ми направила и да ми ја покаже од надворешна страна. Па, ми кажуваше дека отишле да купат подарок за мене, ама дека не нашле во продавницата, ама дека ќе купеле. Среќа мајкина, душа невина.
Утрото на роденденот ги слушнав како шушкаат и се спремаат да ме "разбудат". Лежев и чекав да ме разбуди зошто планот нејзин беше следен- Јас ќе спијам, таа ќе ме разбуди со бакнежи и јас ќе морам да погледнам под перница за да го најдам подарокот кој таа ми го спремила. Чекав и ме разбуди со бакнеж. Убавини...душа преполна. Во текот на денот ми направи една торта од кал украсена со гребаници од креди во боја и една торта од песок украсена со црни камења и школки. Happy birthday ми ја пееше бар 4 пати. Љубов мајкина.
Роденденот го прославивме со луда фотосесија во двор, обид за дување свеќи исто во двор, па преместување дома за дување свеќи и сечење торта,а завршивме со априлско сончање на плажа. Рифот од звучките на 10тината тијнеџери кои се фрлаа во море беше дополна на роденденскиот ден.
А, првичниот план беше роденденот да го прославиме во Виена, па да продолжиме во Србија на свадба во Панчево. Не бидна ниту едното нуту другото. Останавме заглавени дома. Ниту некој викнав за роденден, ниту некој (освен таа и тој) во живо ми честиташе. Добив честитки на Facebook, добив честитања на Skype, добив смс, добив пеења на Viber, а добив и видео компилација. Некои ме изненадиjа пријатно со напорот што го вложија, од други пак се изненадив непријатно што едвај онака ко ус пат ми честитаа. Нејсе, живот.
Cheese cake-от реков со недели ќе го јадеме. Еве денеска, еден ден после роденден гледам дека уште една четвртина останала. Тоа е.. ем постара, па и подебела. Важно е да се има суперлативи и да се оди горе, погоре, па и до најгоре ако се мора. Најважно од сѐ е да се напредува во животот, макар и во килажа.

