Мајка ми знаеше често да дојде во соба и да ми го напише името на насобраната прашина на телевизор. Тоа беше како некоја порака која требаше јас да ја сфатам во стилот "Избриши прашина". После некое време кога виде дека не ја сфаќам пораката почна токму таа реченица да ја пишува. Ко на мало дете. Не и успеваше секогаш.
Кога дојдов да живеам во Осло, единственото јадење што знаев да го направам беа пржени компири. Претходно се ми било спремно и сервирано на маса. Како на мало дете...again. Ручек направен, за вечера понудена. Дури и тањирите од маса само до кујна ги носев. Не се ни сеќавам дека некогаш сум ги измила. Мајка ми за се. Работа, ручек, чистење, перење, се на неа..секогаш. Татко ми знаеше да направи ручек, да учествува во чистење за викенд, да измие тањири. На мене никогаш не ми било наредено нешто направам, никогаш од мене ништо не се очекувало. Кога завршував средно беше на големо зборувано дека факултет е следниот чекор. Јас сакав да работам, а тие ми попуваа дека ќе работам цел живот, дека сега е вајважо да завршам фукултет, човек да биде од мене.. :D Завршив факултет, се вработив. Тогаш беше муабетот дека треба да живеам, дека ќе чистам и готвам кога ќе се омажам, дека има време за тоа. И парите кои ги заработував беа за мене и само за мене, а јас го јадев лебот купен од татко ми и ручекот спремен од мајка ми во станот кои тие го обезбедиле и сметките кои тие ги платиле. Ко некој паразит...закачена на туѓата кожа, лежи лебу да те јадам. Ужас.
Пред некој ден се возам со метро и на станица влегува една баба со две внучиња од по 10тина години. Почнуваат да зборуваат и оп некој познат тоналитет во нивните гласови..зборуваат српски. Се поднасмевнувам под мустаќ, затоа што јас ги разбирам што зборуваат, а тие не знаат дека јас ги разбрам. Внуката вика дека е жедна, а бабата набрзина вади едно шише вода од ташната. Го одвртува капачето и и го подава шишето. Еее...тоа никогаш не сум го видела меѓу норвежаниве. Па зарем толку нема сила 10 годишно дете само да го отвори шишето, па мора бабата да „помогне„ ? Е, така се мазат луѓе, така се бива пазарит. Зошто од толку помош цел живот, на крај ни станува тоа толку природно и нормално.
На гости кај другарки на мојата најмила јадевме ручек. Мојата најмила го испразни тањирот, стана и побрза да го однесе во кујна. Сосема нормално и се виде тоа, не го ни мислеше, ниту пак јас требаше да ја потсетам. Доби пофалба од домаќините, а јас дури тогаш сфатив дека тоа што таа на 3год го стекнала како навика, јас не сум го имала ни на мои 25 и кусур години. Се замислив малку. Си викам, каква мајка сум јас кога ја учам да помага уште неиспилена?! Па, кога таа ќе си ужива, ко што мене ми даваа да уживам додека живеев со нив?! Зошто јас очекувам и добивам толку многу повеќе од она што од мене се очекувало?
******
Луѓето од кои изнајмуваме стан живеат над нас. За Велигден,бевме на одмор и како секогаш им кажавме кој период ќе бидеме отсутни. Ама, планот не бива секогаш. Останавме по болници и моравме да одложиме враќање. Ден откако требаше да се вратиме, ми пратија порака да прашаат дали добро ме разбрале дека требаше да сме вратени до тогаш. Им објаснив на кратко дека ќе ги известам дополнително. Денот кога тргнавме им пишав порака дека сме веќе на пат. Ми вратија брзо на пораката дека ќе го чекаат возот од аеродром за да не соберат. Дојдоа двајцата со кола и ми го истргаа куферот од 30кила од раце да го носат...имаат по 75години. Потоа со кола не однесоа до продавница да испазариме. Ете, нас и тука, толку далеку од првата дома судбината ни вметна во животот луѓе кои ќе се грижат за нас и ќе не мазат.. Not bad at all!
Thursday, October 18, 2018
Subscribe to:
Comments (Atom)
во епизодата „Сама со себе„
На мои 38години за прв пат седнав сама на кафе. Беше тоа зимоска во Валенсија. Децата легнаа, таткото остана дома да ги чува, а јас си ја зе...
-
На мои 38години за прв пат седнав сама на кафе. Беше тоа зимоска во Валенсија. Децата легнаа, таткото остана дома да ги чува, а јас си ја зе...
-
Во последниве две недели се фрлив озбилно во барање нова работа. Под озбилно, мислам секој ден да ѕирнам што огласи има, да аплицирам на едн...
-
Трет ден откако се збогував со нешто што ми беше секојдневие последниве 6 години. Се уште ми е малку чудно дека дадов отказ и дека со секој ...