Saturday, December 30, 2017

во епизодата.. Во Новата година со старата јас.

Јас како најмала, дооолго време бев единствено дете по дома за Нова Година. Татко ми ќе испечеше месо и кикирики, а мајка ми ќе направеше кифлички и руска, а на телевизија ќе се мењаа новогодишните програми од кои ечеа македонски народни песни. Вечерта на Нова година, сестрите ќе се дотераа и ќе отидоа да слават Нова година некаде..појма немам каде, а јас со мајка ми и татко ми секоја година одевме во Малта, зашто големата беше хаос после сестрите. Некогаш ќе завртевме некое оро, а на полноќ татко ми ќе пукнеше ќорци со пушката и јас ќе запалев жижици, па ќе се гушневме и ќе си посакавме среќна Нова година. Дооолги години се смеев и мислев дека е ептен фора ова со Малта, се додека ми стана малце тажно..хаха.. па и јас сакав да славам Нова година со друштво..


Кога ќе и го вратам филмот назад првата Нова година која ја славев со друштво беше далечната 1997, можеби 1998, не ме фаќај за збор за годината. Бев 4то или 5то одделение во основно. Бевме тогаш една банда женски кои не се одвојуваа, па за прв пат добивме дозвола да славиме сите заедно дома кај една „женска„ од бандата и тоа сами. Никој возрасен ни на повидок, сами одговорни за себе и станот. Ух, колку само се чувствувавме важни. Деновите пред Нова година, собравме пари и пазаревме во Веро- смоки, чипсчиња, сокчиња. Петарди набавувавме на црно од пазарче. ;) Се секавам дека имавме една цела голема кутија преполна од тие тиркизните петарди, ама не останаа повеќе од 10 за пукање на 00.00. Ах, деца.. Дури и подароци си купивме, а се сеќавам дури и дека се снимавме на касетофон. Ех, да ми е сега таа касета тука, да чујам макви мудрости се кажале. Памтењето не оди до таму да се сетам што беше идејата со тоа снимање, ама треба ли да има повод кога се има прилика?!

Следната Нова година го проширивме друштвото па славевме кај еден другар, исто од одделение. Годината после му дозволивме влез на уште едно одделение, па изнајмивме кафич и славевме заедно. После доаѓа средно и славења по станови со најмалце 50 луѓе изнабутани во загушливите собички и задолжителното изгасено светло и прегласна музика. Па факултет, со иста шема ко во средно...

Во тој период основно-средно-факултет да ме прашаше кај ќе славам Нова Година, ќе добиеше еден многу прецизен и детањен одговор кај ке идам, со кој ќе бидам, што ќе облечам, кои кондури ќе ги носам, кога малце подпораснав и кој накит ќе го ставам, која боја на шминка... се беше до ситница смислено, испланирано и наредено на кревет да чека до вечерта кога е тооооолку итно и битно да се биде тип/топ!!!

Пред некој ден ме прашува една другарка кај ќе одам за Нова година, а мене па дури тогаш ми светнува дека има уште некој ден од „старава„ година. Ништо од големите планови за славење и лумпување..прошло времето за пијанчење, радосно одбројување 10,9,8... и гушкање со сите на 0. Сум остарела до толку што не ми е ни јасно што има да се слави? Што па е толку посебно што оваа 7цава, ќе се замени со 8ца? I don't get it!

Ве петокот на работа, разговараме со колешките дека сме последен ден на работа во 2017. Нема некоја еуфорија заради тоа, никој никого не прашува кај ќе се оди за 31ви. Шефицата праќа групна порака и ни честита за успешна 2017та, а јас решавам да ја заокружам годината со сладолед на работна маса, додека забрзано го пишувам задоцнетитот извештај.


Годинава за дочек на новата јас ќе одам НИКАДЕ! Таму бев и лани и да ти кажам право мнооооогу убаво си поминав. Ќе направам убаво месо во стилот на татко ми, ќе замесам некои кифлички по рецепт на мајка ми, ќе запалиме камин, а и свеќи низ соба и со млекце во рака ќе читаме приказни пред спиење со мојата најмила. Таа ќе си легне пред 20ч, а ние останатите двајца ќе пуштиме некоја серија, никако филм зошто иначе ќе заспијам. И не ми е ич гајле колку звучам патетично, ама тоа ми е планот за дочек на Новата година... ако ја дочекам будна. ;)

Од старата до новата година,
Славица Савеска-Кењереш

во епизодата „Сама со себе„

На мои 38години за прв пат седнав сама на кафе. Беше тоа зимоска во Валенсија. Децата легнаа, таткото остана дома да ги чува, а јас си ја зе...